Во Прилеп беше отворено почесното конзуларно претставништво на Украина во Република Северна Македонија
На генералниот директор на Витаминка А.Д Прилеп г-динот Сашо Наумоски, кој е членка на МАТТО, Владата на Република Северна Македонија минатата година му ја одобри функцијата почесен конзул на Украина во Република Северна Македонија со седиште во Прилеп. Во Прилеп беше отворено почесното конзуларно претставништво на Украина во Република Македонија, кое ги опфаќа општините Струга, Охрид, Битола, Кавадарци, Гевгелија и Струмица.
На отворањето на почесното конзуларно претставништво свое обраќање имаше и амбасадорката на Украина, Нејзината екселенција г-ѓа Лариса Дир,претседателот на Сојузот на почесни конзули на Република Северна Македонија, и претседателот на УО на МАТТО, г-динот Ајдован Адемоски.
Претседателот на УО на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, изрази голема благодарност со врачување на благодарница на почесниот конзул на Украина во Прилеп, г-дин Сашо Наумоски, за значајниот придонес во кампањата на МАТТО за помош на настраданите од земјотресот во Република Туркије.
Наумоски ја искажа големата чест што му e дадена и одговорноста на задачата: „Да се претставува земја која во моментов се соочува со воена агресија е голема одговорност бидејќи довербата што ми се дава во вакви моменти е навистина знак на голема почит.
Амбасадорката Лариса истакна дека голема чест е што г-динот Наумовски ќе ја посвети својата енергија и знаење на извршување на функциите на Почесниот Конзул на Украина, исто така имајќи го предвид фактот дека од моментот на инвазијата од големи размери во Украина, г-дин Сашо уште од првите денови ѝ помага на Украина.
г-дин Сашо Наумовски е генерален директор на Витаминка.
Дипломатските односи меѓу Украина и Македонија беа воспоставени во 1995 година а дипломатското претставништво на Украина е отворено во 2000 година за веќе следната година да биде отворена Амбасадата на Украина во Република Македонија. Меѓу двете земји е разменет и Договор за пријателство и соработка, со кој се дефинираат основните принципи и насоки на развој на билатералните односи.