Посета на МАТТО од страна на претставници на Отокар
Денес, Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) беше домаќин на претставници на турската компанија „Отокар“, која произведува автобуси од областа на јавниот транспорт, лесни камиони за транспорт и логистички сектор, оклопни возила на тркала за одбранбената индустрија.
Менаџерот за продажба на камиони во автомобилската и одбранбена индустрија Отокар А.Д, г-дин Емре Сарп, менаџерот за продажба на балканскиот регион, г-дин Али Јилдиз, и менаџерот за продажба во ЕУ, г-дин Таркан Бурак, денес одржаа средба со претседателот на MATTO, г-дин Ајдован Адемоски, заменик претседателот, г-дин Имер Селмани, дистрибутер за Отокар Македонија и балканските земји, членката My Dealer, г-дин Мите Стојковски,и член на Управниот одбор на MATTO, г-дин Муртеза Сулооџа.
На средбата, претставниците на МАТТО ги информираа гостите за можностите за инвестирање во Република Северна Македонија.
Претставниците на Отокар споделија информации за нивните планови на Балканот, особено во Македонија.
Средбата помеѓу МАТТО и Отокар заврши со разменување на подароци.