Back to Blog

На 28 Ноември 2012 година, Асоцијација на Бизнисмени Зонгулдак беа во посета на нашата комора

На ден 28.11.2012 година, Асоцијацијата на бизнисмени Зонгулдак предводена од страна на Претседателот на Управниот Одбор г-дин Омер Ѓулај  ја посетија нашата комора. Состанокот го водеа Заменик Претседателот на Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО одговорен за односите со Владата и Бирократијата на Република Македонија г-дин Ејуп Учак и г-дин Максут Карајалчин одговорен Потпретседател на Сојузот на Стопански Берзи на стока од Турција. Заменик Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Учак  даде објаснување за можностите на оданочување помеѓу двете земји и поволностите за работа во Македонија. Во интерес на слободните трговски зони, Бизнисмените од Зонгулдак истакнаа дека во блиска иднина  планираат големи инвестиции во Р.Македонија. Тие сметаат дека посетата на МАТТО и стапувањето во контакт со фирмите во Р.Македонија преставува голема корист за нив.  На состанокот присуствуваа фирми кои се бават со рударство, градежништво, готов бетон, угостителство како и компании од други сектори. Во продолжение на разговорот г-дин Ејуп Учак давајќи информации за производството, објасни и за тоа што може да се стори во иднина во Р.Македонија. Средбата помеѓу страните  се заврши со цел за создавање на можности за работа во иднина.

z1.JPG

z2.JPG

z3.JPG

Share this post

Back to Blog