Back to Blog

На 16 мај 2016 год. се остварија билатерални средби помеѓу Претседателот на Управен одбор на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи и членките на МАТТО и стопанствениците на İÇGİAF

Федерацијата на млади бизнисмени на Централна Анадолија – İÇGİAF во Македонија оствари серија на разговори. 

Делегацијата составена од 27 особи предводена од г-ѓа Фатма Семиз Претседател на Федерацијата на млади бизнисмени на Централна Анадолија – İÇGİAF последните разговори во Македонија ги оствари со Стопанска комора на Македонија-Турција-МАТТО, во хотелот Стон Бриџ. 

Претседателот на MATTO г-дин Туна Ејуп Кахвеџи давајќи им општи информации за Македонија на членките на İÇGİAF, го пренесе своето искуство околу темата инвестиции. Претседателот  г-дин Туна Ејуп Кахвеџи истакнувајќи дека Турција претставува една од најважните земји за Македонија, исто така, ја истакна потребата да се гледа на неа како логистичка база на бизнисмени. Меѓудругото потсетувајќи дека Македонија има потпишано договори за слободна трговија со ЕУ и ЦЕФТА земјите како и со Украина и Турција.

ciftgiat-matto (1).JPG

Претседателот на İÇGİAF г-ѓа Фатма Семиз истакна дека од остварените разговори во Македонија може да заклучи дека Македонија нуди добри можности за инвестирање и дека дел од бизнисмените кои се во делегацијата размислуваат околу сериозни инвестиции тука.

ciftgiat-matto (2).JPG

Share this post

Back to Blog