На 07 октомври 2016 година МАТТО потпиша договор за соработка со Стопанска комора на Силифке
На разговорите кои ги одржаа во Македонија се оствари деловна средба помеѓу делегација од 30 бизнисмени од Стопанска комора на Силифке и Стопанска комора на Македонија-Турција

На разговорите кои ги одржаа во Македонија се оствари деловна средба помеѓу делегација од 30 бизнисмени од Стопанска комора на Силифке и Стопанска комора на Македонија-Турција.
На состанокот кој се оддржа во хотелот Stone Bridge се потпиша договор со цел да се развие соработка меѓу двете институции.
На состанокот Претседателот на МАТТО г-дин Кахвеџи даде информации околу работата и можностите за инвестирање во Македонија. Од причина што Македонија претставува една врата отворена кон Европа не станува збор само за 2 милиони жители туку за пазар од 650 милииони како и земја која е атрактивна за инвестирање од поглед на безбедност даночни олеснувања.
Претседателот на Стопанска комора на Силифке г-динот Нуреттин Кајнар даде информации околу коморите. Тој објасни дека Силифке претставува најголем производител на јагоди во Турција, како и развиеноста на туризамот и мермерот кои претставуваат едни од поважните гранки во трговијата.
На состанокот на кој присуствуваше и трговскиот советник на Р.Турција во Скопје г-дин Бунјамин Кутлу одговори на прашањата во врска со инвестиции кои беа поставени од страна на делегацијата.
По разговорите се потпиша договор за соработка помеѓу МАТТО и Стопанска комора на Силифке и се врачија подароци.