На 21 ноембри 2016 годиан Гувернерот на НБРМ беше гостин на МАТТО
Гувернерот на Народна Банка на РМ г-дин Димитар Богов одржа средба со членките на Стопанска комора на Македонија-Турција МАТТО.
На состанокот Гувернерот на НБРМ г-дин Богов на присутните бизнисмени им ги објасни очекувањата за 2017 год. и даде одговор на поставените прашања од нивна страна.
Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Кахвеџи нагласувајќи дека турските бизнисмени ќе продолжат со инвестирање во Република Македонија истакна: Се надеваме дека изборите кои ќе се одржат на 11 декември ќе поминат успешно и Македонија ќе продолжи со еден период на ре-стабилизација. Има мала сличност помеѓу економиите на Македонија и Турција. Ние претставуваме земји кои во тешки периоди се извлекуваат успешно. Дали во однос на пораст на светските цени на храна и нафта, дали во однос на несакано стеснување на земјите во ЕУ, дали во однос на периодот на политичка криза, се чини дека нема големо макроекономско влијание врз економијата на Македонија.
Обем на трговска размена помеѓу Македонија и Турција за оваа година во однос на претходната има достигнато голем пораст за повеќе од 10%. Ова покажува дека и во најкритичниот период ние сме заедно.
По успешните избори верувам дека економскиот раст ќе биде поголем, заблагодарувајќи му се на Богов за тоа што успеа во овој кризен период да ја задржи стабилноста на економијата на Макед
Бизнисмените кои се дојдени од пријателската Турција ни даваат голема важност истакна Богов, Нашите врати секогаш ќе бидат отврени за нивните барања и предлози.
Претседателот на Извршниот одбор на Халкбанка АД Скопје даде еден краток говор.
Г-динот Адеми објасни околу Реструктуирање на долгот на компаниите, развојот на земјите во ЕУ, влијанијата врз Македонската економија како и долготрајни процедури со кои се соочуваат странците
На состанокот членките на УО на МАТТО, претставниците на банката како и Трговскиот советник при Амбасада на Р.Турција г-дин Бунјамин Кутлу дадоа краток говор.