Бизнис Средби
20.04.2017
Бизнис средби Скопје, Македонија
Билатерални средби меѓу македонски и турски компании- 20.04.2017, Скопје
20 април 2017 година
10:00 – 17:00 часот
Хотел „Холидеј Инн“ – Скопје
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција, Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО во соработка со Стопанската комора на Македонија и Трговската комора на Измир организираат билатерални средби меѓу македонски и турски компании од Измир.
Билатералните средби ќе се одржат на 20 април 2017 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, во хотелот „Холидеј Инн“ во Скопје.
Билатералните средби се наменети за македонските компании од следните сектори:
– информатичко-комуникациски технологии и
– здравство (опрема и услуги за здравствени установи).
Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество можат да го пријават најдоцна до 7 април 2017 година (петок).
Ве молиме, за Вашиот интерес да не` информирате преку пополнување на пријавниот лист даден во прилог.
Контакт информации:
тел: + 389 2 310 12 20; + 389 2 310 12 22
e-mail: matto@matto.com.mk;