Под покровителство на Амбасада на Р.Турција во Скопје,со поддршка на ТИКА и соработка со МАТТО се оддржа ифтар вечера со присуство на Министерот за надворешни работи на Р.Турција г-дин Мевлут Чавушоглу
Под покровителство на Амбасада на Р.Турција во Скопје,со поддршка на ТИКА и соработка со МАТТО се оддржа ифтар вечера со присуство на Министерот за надворешни работи на Р.Турција г-дин Мевлут Чавушоглу.
На организираната Ифтар вечера присуствуваа г-дин Ѓорѓе Иванов, Претседател на Република Македонија, г-дин Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи на РМ, г-дин Никола Димитров, Министер за надворешни работи, г-дин Назби Лика, Вицепремиерот на РМ, г-ѓа Радмила Шекеринска, министер за одбрана на Р.М, г-ѓа Рената Дескоска, министер за образование и наука, г-дин Роберт Алагозовски, министер за култура, г-ѓа Мила Џаровска, министер за труд и социјална политика, г-дин Билент Салији, министер за правда, г-дин Аднан Ќахил министер и претседател на Партијата за движење на Турците во Македонија, г-ѓа Тулин Еркал Кара, Амбасадор на Р.Турција во Скопје, г-дин Махмут Чевик, претседателот на Одделот на ТИКА за Балканот и Источна Европа, г-дин Ајтекин Ајден, координатор на ТИКА во Скопје, г-дин Бејџан Илјас, претседател на турска демократска партија, г-дин Ердоган Сарач, Претседател на Движење за национално единство на Турците во Македонија, г-дин Хусејин Бурге, г. Хусеин Бурге,и Шабан Дишли, пратеници во Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство на Големо национално собрание на Република Турција, македонските пратеници, г-дин Енес Ибрахим, г-дин Ферид Мухич и г-дин Јусуф Хасани, г-дин Сулејман Реџепи, Претседател на Исламската верска заедница, г-дин Ајдован Адемоски, почесен конзул на Р.Турција во Битола и Претседател на МАТТО, г-дин Бехиџуддин Шехаби, државен секретар за култура, членови во уставниот суд, бизнисмени,претставници на невладини организации и голем број на гости.

Од име на домаќините на Ифтар вечерата, присутните ги поздрави г-дин Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО, упатувајќи благодарност до г-динот Мевлут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Р.Турција, како и на г-динот Реџеп Тајип Ердоган, претседател и на Р.Турција, за укажаната поддршка кон Република Македонија и МАТТО.

Г-динот Никола Димиртов, Министерот за надворешни работи на РМ, во своето обраќање истакна дека особено го радува фактот што е присутен на една ваква плодна ифтарска вечера. Нашите сонародници од утро до вечер постат, ова не е само ритуал на гладување, значењето на постот е да се даде значење на нашите вредности, да се биде трпелив, да се биде лојален и етичен. Со зборовите на Хазрети Мухамед кој рекол “Ако соседот е гладен а ние спиеме, тоа не е од нас “им посакувам на сите муслимани да им биде прифатен постот.,истакна министерот Димитров.

Ми претставува особено задоволство што денес сум присутен во пријателската и братска Македонија, ви пренесувам поздрави од г-динот Реџеп Тајип Ердоган, Претседател на Р.Турција и нашиот премиер, г-динот Бинали Јилдирим. Со г-динот Иванов, Претседател на Р.Македонија, нашиот пријател Никола Груевски, и премиерот Заев остваривме многу важни разговори. И оваа вечер се гордеам што сум присутен на Ифтар вечерата заедно со вас“ – ги поздрави присутните г-динот Мевлут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Р.Турција. “Со различните етнички и религиозни групи во Македонија се живее во знак на солидарност и хармонија. Ова е тоа што ја издвојува Македонија, ова е тоа што ја прави Македонија да биде Македонија. Со различните етнички и религиозни групи во Македонија да се живее во знак на солидарност и хармонија. Денес се зголеми расизмот на исламската опозиција, исламското непријателство, анти-семитизмот и нетолеранцијата на христијанската опозиција. И препорачуваме на Европа да земе пример од Македонија. Особено не радува како турската заедница во Македонија е поврзана со државата“ нагласи министерот Чавушоглу.

Република Турција секогаш ќе и биде поддршка на Република Македонија, ние секогаш ќе продолжиме да бидеме покрај пријателската Македонија, вклучувајќи го и членството во НАТО, како и поддршката во секој друг аспект. Пред се, поради тоа, што Република Македонија најмногу од сите го заслужува тоа и затоа што стабилноста и безбедноста на Македонија е важна за целиот балкан и Европа“ – .заврши своето обраќање г-динот Мевлут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Р.Турција.
