Back to Blog

Делегација на МАТТО на ифтарска вечера која традиционално ја организира д-р Ѓорге Иванов, Претседателот на Република Македонија

Г-дин Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО и почесен конзул на Р.Турција во Битола, со замениците г. Алпер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАV, г. Есер Џевахир, генерален директор на Џевахир Холдинг, г. Ајхан Узун, генерален директор на Рамстор,  г.Турхан Адеми, генерален извршен директор на Халк Банк АД.Скопје и г. Мунир Колашинац, сопственик на Вардар експрес и член на Управниот одбор на МАТТО,  беа поканети на ифтарската вечер во резиденцијата на претседателот на Република Македонија г. д-р Ѓорге Иванов (21.07.2017).

ss.JPG

Македонскиот претседател обраќајќи се пред присутните гости – поглаварот на Исламската верска заедница, Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, муфтии, претставници на јавниот и на политичкиот живот, како и претставници на бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, истакна дека во Република Македонија отсекогаш се почитувале и се споделувале  верските традиции и обичаи.

ivanov iftar yemegi.JPG

Претседателот Иванов порача дека во време на постојани предизвици, закани, на геостратешки промени и процеси нашата традиција на соживот не смееме да ја заборавиме. „Тоа е традиција на почитување и прифаќање на различноста. Оваа традиција е наша сегашност и иднина”, истакна македонскиот претседател.

 

Share this post

Back to Blog