Back to Blog

Да се зајакне билатрална трговска соработка помеѓу Р. Турција и Пелагониско преспански регион

Посета на Битола, 20 ноември 2019…
На иницијативата на Стопанска комора Македонија – Турција, МАТТО во соработка со Регинална комора Битола, се одржа средба на стопанствениците со членките кои веќе соработуваат со Република Турција или се заинтересирани да ја воспостават соработка. Цел на средбата беше да се преку зајакнување на трговската и инвестициона соработка со Република Турција се влијае врз зголемување на регионален економски развој. На средбата се обрати градоначалничката Наташа Петровска, која нагласи дека Битола е отворена за соработа со бзнис секторот и инвеститорите од Република Турција. Од својата страна присутните битолски компании и преставниците на МАТТО иницираа основање на Бизнис клуб заради поголема препознатливост и директна поддршка. На средбата беа презентираните потенцијали за инвестирање од страна на преставнци на општина, како што се купување и издавање на концесија општинско земјиште, гасификација, проект прочистителна станица. Пелагониско-преспански регион е отворен за унапредување на турзам и овоштарство. Инаку Регионот на 5000 стопански субјекти од кои 3000 се членки на Регионалната комора. Инаку самиот Регион создава 12% од БНП на Македонија.

Г. Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО и  Мирко Велкоски, претседател на Регионалната комора со седиште во Битола, го истакнаа значењето на засилување на деловни односи со Р.Турција не само на ниво на билатерала, веќе и од аспект за поврзување со трети земји, особено со земјите од Северна Африка, Среден исток, Централна Азија и ЕУ. Во овие деловни дестинации, Р.Турција има долгогодишно деловно присуство и инфаструктура.

МАТТО ги преставуваа г-дин Ајдован Адемоски претседател на МАТТО, г. Алп Eр Тунга Ерсој, генерален менаџер на ТАВ Македонија и Ко-претседавач на МАТТО,г-дин Ајхан Узун, генерален менаџер на Рамсторе Македонија и заменик претседател на МАТТО, г-ѓа Букет Геречџи извршен директор на Халкбанк АД Скопје и заменик претседател на МАТТО, г.Имер Селмани, сопственик на Бис Оил и заменик претседател на МАТТО, г. Гуркан Гезер, Економски советник при Амбасада на Р.Турција во Скопје, г. Слободан Трајковски, сопственик на Елмонд Електро и член во УО на МАТТО, и г-дин Златко Најдовски, директор на Евро млекара – Суташ и член во УО на МАТТО.

Share this post

Back to Blog