Претседателот на МАТТО г-динот Ајдован Адемоски беше пречекан од страна на Претседателот на Р.Турција г-дин Ергодан
Претседателот на МАТТО г-дин Ајдован Адемоски и заменик претседателот г-дин Есер Џевахир денес беа пречекани од страна на Претседателот на Р.Турција г-динот Реџеп Тајип Ердоган, и Претседателот на Големото Национално Собрание на Турција, г-динот Мустафа Шентоп.
За време на средбата, покрај проценката на состојбата на трговските односи помеѓу двете држави за време на пандемискиот процес, се дискутираше и за засегнатоста на членовите на МАТТО со најмала штета од овој процес и за прашањето за придобивките од некои можности создадени со сегашната глобална криза на најефикасен начин во регионална смисла, особено во Северна Македонија.
На состанокот покрај разговорите за компаниите-членки на МАТТО се разговараше и за соработката помеѓу двете земји околу економското лобирање на Турција со цел да се започне со работа за отворањето на трети земји, и воедно за моделите за зголемување на соработката на компаниите членки на МАТТО со компании од други земји кои планираат да инвестираат во Р. Северна Македонија.
Покрај ова, на средбата се разговараше и за прашањето за поддршка на секторите ориентирани кон технологија, особено за време на пандемискиот период на пазарот во Северна Македонија, како и за поддршка на спречување на одлив на млади луѓе, преку зголемување на вработеноста со донесување иновативни и напредни деловни модели во земјата, преку поддршка и соработка од страна на искусни турски компании-членови на МАТТО.
