Стоковна размена со странство, јануари – октомври 2025 година
Трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – октомври 2025 година во споредба со периодот јануари – октомври 2024 година
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2025 година, изнесува 413 102.0 милиони денари и бележи пораст од 2.26 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – октомври 2025 година, изнесува 589 092.3 милиони денари, што е за 4.16 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Стоковна размена изразена во САД долари
Во периодот јануари – октомври 2025 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 831 532 милиони САД долари што е за 2,3 % зголемена споредено со истиот период во 2024 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 117 394 милиони САД долари што претставува намален за 17.8 % во однос на ист период 2024 г. Увозот е зголемен за 6,5 % и изнесува 714 138 милиони САД долари.
Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Кина, Србија, Грција, Бугарија и Турција.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.
Во периодот јануари – октомври 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Србија, Грција, Бугарија и Турција, кои учествуваат со 47.6 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59.4 % во вкупната размена.
Извоз Извоз јануари – октомври 2025 година во однос на јануари – октомври 2024 година
- 7 536.0 милиони САД долари: +5.6 %
Увоз Увоз јануари – октомври 2025 година во однос на јануари – октомври 2024 година
- 10 742.0 милиони САД долари: +7.5 %