Делегацијата на МАТТО ја посети Градоначалникот на Општина Центар – Скопје
Делегацијата на Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО) ја посети градоначалникот на Општина Центар – Скопје, г. Горан Герасимовски, при што му го честита повторното избирање за градоначалник. Во рамки на посетата беа разгледани можностите за зајакнување на економската и инвестициската соработка помеѓу двете институции.
За време на средбата, делегацијата и претставниците на општината дискутираа за развојот на трговските и економските односи меѓу Турција и Северна Македонија, како и за значењето на ажурирање на Договорот за слободна трговија. Исто така, беше нагласена важноста на придонесот на локалните власти за зајакнување на соработката со деловниот сектор.
Особено внимание беше посветено на проектите за развој на општината, кои преку јавно–приватно партнерство (ЈПП/PPP) можат да се реализираат побрзо, поефикасно и со одржливи резултати.
Дополнително, беа разгледани следниве теми:
- Користење на искуството на локалните власти за проценка на ефикасноста на модерните проекти во Турција и ЈПП моделите,
- Зголемување на соработката со деловниот сектор за намалување на загадувањето на животната средина,
- Финансиска поддршка за ЈПП проектите со учество на членови од финансискиот сектор.
Посетата ја предводеше Претседателот на Управниот Одбор на МАТТО, г. Ајдован Адемоски. Во делегацијата учествуваа исто така Заменик Претседателот г. Имер Селмани, Член на Управниот Одбор и Извршнен Директор на Халкбанка АД Скопје г. Мухаммед Хаџипази и Извршнен директор на МАТТО, г. Шахпаз Молалиев.
МАТТО продолжува со својата мисија за унапредување на економската, трговската и инвестициската соработка помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија.



