Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари – јуни 2025 година

Раст на извозот во првото полугодие од 2025 година споредено со истиот период од претходната година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 249 072.3 милиони денари и бележи пораст од 2.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 349 611.4 милиони денари, што е за 2.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – јуни  2025 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 504 052 милиони САД долари што е за 8.4 % зголемена споредено со истиот период во 2024 г.  Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 71 429 милиони САД долари што претставува намален за 16.3 % во однос на ист период 2024 г. Увозот е зголемен за 13.9% и изнесува 432 623 милиони САД долари.

Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција,  Србија, Кина, Бугарија и Турција.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Извоз јануари – јуни 2025 година во однос на јануари – јуни 2024 година

  • 4 427.5 милиони САД долари: +4.2 %

Увоз јануари – јуни 2025 година во однос на јануари – јуни 2024 година

  • 6 205.3 милиони САД долари: +3.5 %

Share this post

Back to Blog