Градоначалничката на Денизли / Бозкурт, ги посети просториите на МАТТО
Градоначалничката на Денизли / Бозкурт и претседателка на ЛАГ, г-ѓа Бирсен Челик, и придружната делегација ги посетија просториите на МАТТО.
Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, ја поздрави делегацијата и сподели информации за можностите за инвестирање во Република Северна Македонија и трговијата меѓу двете земји.
Градоначалничката Челик истакна дека околу границите на општината има големи производствени капацитети и дека од таа причина нема невработени граѓани во општината.
Делегацијата, која ќе биде на студиска посета на Скопје, помеѓу 27 и 30 мај, организира студиска посета со цел (примери за добри практики, споделување искуства, алтернативи за соработка итн.). Како група на Здружение на локални акциони групи, таа работи во рамките на LEADER (ПРОЕКТ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ) на Европската Унија од 2019 година.
На состанокот присуствуваа и трговскиот советник при Амбасадата на Република Туркије во Скопје, г-дин Синан Танриоген, членот на Управниот одбор на МАТТО, г-дин Муртеза Сулооџа и извршниот директор на МАТТО, г-дин Шахпаз Молалиев, додека од Република Туркије, заменик-градоначалникот г-дин Озан Кара, членовите на Собрание, г-дин Ѓолхан Дин, г-дин Али Тулу, г-дин Ибрахим Шахан и г-дин Али Кемал Добруџа. Заменик претседателот на УО на ЛАГ, г-дин Уфук Елкама и членката на Управниот Одбор, г-дин Харун Решит Кусчу.

