МАТТО ја организираше традиционалната Ифтарска вечера за 2025 година, на која присуствуваше премиерот на Република Северна Македонија, г-дин Христијан Мицкоски
Стопанската комора Македонија-Турција (МАТТО), на Ифтарската програма во Скопје, ги истакна односите меѓу Република Туркије и Република Северна Македонија.
Амбасадорот Улусој истакна дека „МАТТО не само што ги развива економските односи, туку и ги продлабочува врските меѓу народите на земјите“.
Премиерот на Република Северна Македонија, г-дин Христијан Мицкоски, присуствуваше на Ифтарската програма во организација на МАТТО во Скопје. На ифтарската вечера присуствуваа Амбасадорот на Р.Туркије во Скопје, г-дин Фатих Улусој, претседателот на Уставниот суд, г-дин Дарко Костадиновски, гувернерката на Народна Банка, г-ѓа Анита Ангеловска-Бежоска, министри, пратеници, претседатели на политички партии, градоначалници, амбасадори, членки на МАТТО, претставници на граѓанскиот сектор и медиумите и голем број на гости.
Гостите ги пречекаа претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, потпретседателот
г-дин Билал Суџубаши и заменик претседателот г-дин Имер Селамани.
По завршувањето на ифтарската вечера, г-дин Адемоски ги поздрави сите присутни гости. „Во име на МАТТО и членките на Управниот Одбор, сакам да им се заблагодарам на сите што беа со нас во овој свет месец Рамазан. „На припадниците од муслиманската вероисповед им го честитам светиот месец Рамазан и на припадниците од христијанската вероисповед, празникот Велигден“.
Амбасадорот на Р.Туркије во Скопје и почесен претседател на МАТТО, г-дин Фатих Улусој, во своето обраќање истанка дека „Р.Туркије и Република Северна Македонија, се две земји со заеднички врски и дека стратешкото партнерство на двете пријателски земји е зајакнато со заедничката политичка декларација за формирање на Совет за соработка на високо ниво меѓу претседателот на Република Туркије, г-дин Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Република Северна Македонија, г-дин Христијан Мицкоски, во Истанбул на 28 февруари.
Амбасадорот Улусој истакна дека МАТТО не само што ги развива економските односи туку и ги продлабочува врските меѓу народите на земјите. Тој изјави дека турските компании придонесуваат за развојот на земјата со обезбедување на вработување.




































































