Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари 2025 година

Стоковна размена со странство, јануари 2025 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 35 635.8 милиони денари и бележи пораст од 5.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2025 година, изнесува 52 262.1 милион денари, што е за 5.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2025 година, изнесува 16 626.3 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2025, изнесува 68.2 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари 2025 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 67 906 милиони САД долари што е за 0,2 % зголемена споредено со истиот период во 2024 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 11 088 милиони САД долари што претставува намален за 24.3 % во однос на ист период 2024 г. Увозот е зголемен за 7,0% и изнесува 56 819 милиони САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Кина, Србија, Бугарија и Турција.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, други катализатори на носачи и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и платината и легурите на платина, необработени или во прав.

Во јануари 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија, Бугарија, Србија и Турција.  

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 599.3 милиони САД долари и бележи пад од 0.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 878.5 милиони САД долари, што е за 0.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2025 година, изнесува 279.2 милиони САД долари.

Share this post

Back to Blog