Министерот на Република Туркије, Проф.Д-р Омер Болат, ја прифати поканата на МАТТО и се одржа бизнис форум помеѓу Северна Македонија-Туркије во Cкопје
Делегацијата на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), во месец мај во Истанбул, оствари средба со министерот за трговија на Република Турција, проф. Д-р Омер Болат. На средбата присуствуваа претседателот на УО на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, замениците г-дин Есер Џевахир и г-дин Имер Селмани, и членката на УО,г-дин Аккан Махмут.
Министерот за трговија г-дин Омер Болат, кој ја прифати поканата на МАТТО за да ја посети Македонија, присуствуваше на бизнис форумот помеѓу Република Северна Македонија и Република Туркије, што се одржа вчера во Скопје, во организација на ДЕИК. Се сретна и со турски бизнисмени на состанокот со ДТИК.
Со учество на министерот Мицкоски оствари средби со компании-изведувачи и деловни луѓе.
Ги посети турските инвестиции на лице место и се сретна со членовите на MATTO на вечерата организирана во хотелот LİMAK, чиј домаќин беше LİMAK.
Официјални средби на министерот за трговија г-дин Болат
Министерот за трговија Болат беше пречекан од страна на Министерот за трговија на Р.Северна Македонија,г-дин Христијан Мицкоски.
Тој прво се сретна со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, г-дин Тимчо Муцунски, а потоа оствари средба и со министерот за економија и труд на Република Северна Македонија, г-дин Бесар Дурмиши.
Посета на министерот Болат на членовите на МАТТО
Министерот Болат, при посетата на Балканскиот универзитет, Хилтон, ЛИМАК и Џевахир, ја пушти во употреба новата зграда на болницата Санте Плус.
Се одржа Бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција
Со цел развивање и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Советот за надворешни економски односи (ДЕИК) на Туркије, во Хотел Хилтон во Скопје, организираше Бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција.
На бизнис форумот присуствуваа министерот за надворешни работи и трговија г-дин Тимчо Муцунски, министерот за економија и труд,г-дин Бесар Дурмиши, амбасадорот на Р.Турција во Скопје, г-дин Фатих Улусој, претседателот на УО на МАТТО,г-дин Ајдован Адемоски, претседателот на ДЕИК-ДТИК г-дин Наил Олпак, претставниците на ДТИК за балканот, претседателот на одборот, г-дин Левент Садик Ахмет, претставникот на ДТИК за Северна Македонија,г-дин Билал Суџубаши, околу 200 претставници на компании, бизнисмени и други гости.
Средба DTİK-Северна Македонија
Со учество на турскиот министер за трговија, Проф. Др.Омер Болат, во Скопје се одржа средба на ДТИК-Северна Македонија, со турски бизнисмени кои водат бизнис во Северна Македонија.
На состанокот што се одржа под модераторство на претседателот на DEİK-DTİK г-дин Наил Олпак, обраќање имаа претставникот на ДТИК за Северна Македонија,г-дин Билал Суџубаши, претседателот на претставничкиот одбор на DTİK за Балкан, г-дин Левент Садик Ахмет, претседателот на MATTO, г-дин Ајдован Адемоски, амбасадорот на Р.Туркије во Скопје,г-дин Фатих Улусој и министерот на трговија на Р.Туркије,г-дин Омер Болат. Беа забележани барањата на бизнисмените.
Теми кои беа опфатени на состаноците
- Конкретни инфраструктурни проекти
- Ажурирање на Договорот за слободна трговија
- Евалуација на можностите во областа на економијата
- Заеднички проекти и инвестициски иницијативи
Премиерот и претставниците на турската изведувачка индустрија одржаа состанок на тркалезна маса
На состанокот на Тркалезна маса со претставници на турската изведувачка индустрија, чиј домаќин беше премиерот на Република Северна Македонија, г-дин Христијан Мицкоски, беше истакната улогата на компаниите кои имаат завршено повеќе од 12 илјади проекти во 137 земји во светот благодарение на нивното искуство и се разговараше за техничка опрема во изведувачи и инфраструктурни проекти во Северна Македонија.
Беше наведено дека турските изведувачки компании, кои досега одиграа важна улога во имплементацијата на 45 проекти во Северна Македонија, имаат капацитет да учествуваат во нови проекти во рамките на планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.
Како Турција, ние придаваме големо значење на инфраструктурата и развојот на Северна Македонија и сакаме да ги диверзифицираме областите на соработка.
Одржани се Б2Б состаноци
Турски и македонски компании се собраа во рамките на бизнис форумот помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција. Одржани се 83 средби меѓу компании.
Вечера од МАТТО во чест на министерот Болат
Програмата заврши со вечера приредена од LİMAK, организирана од MATTO. На програмата чиј домаќин беа почесниот претседател на LİMAK г-дин Нихат Оздемир и претседателот на Управниот одбор г-ѓа Ебру Оздемир, присуствуваа турскиот министер за трговија Проф. Др. Омер Болат, амбасадорот на Р.Туркије во Скопје, г-дин Фатих Улусој, претседателот на МАТТО,г-дин Ајдован Адемоски, претставникот на ДТИК за Северна Македонија г-дин Билал Суџубаши, претседателот на ДЕИК-ДТИК г-дин Наил Олпак, членовите на МАТТО и други поканети гости.
















