Делегација на МАТТО го посети министерoт за одбрана на Република Северна Македонија, г-дин Владо Мисајловски
На средбата присуствуваа претседателот на МАТТО г-дин Ајдован Адемоски, заменик претседателот г-дин Имер Селмани, членот на Управниот одбор г-дин Михо Јаневски и извршниот директор г-дин Шахбаз Молалиев.
Додека се разговараше за прашањата за зајакнување на соработката меѓу одбранбената индустрија и безбедносните единици помеѓу Турција и Македонија, се разговараше и за условите за учество на членките на МАТТО на тендерите на НАТО.
На средбата,во рамките на јавно приватно партнерство, беше оценет и потенцијалот за соработка меѓу двете институции.
Меѓудругото, беше оценето и дека заедничките инвестиции во опрема ќе дадат голем придонес во трговијата и регионалниот развој меѓу двете земји.
Министерот за одбрана Мисајловски истакна дека Македонија е една од земјите што ги претпочита, имајќи го предвид супериорниот развој на Турција во областа на одбранбената индустрија и опрема.