Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари – август 2024 година

Стоковна размена со странство, јануари – август 2024 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 319 477.5 милиони денари и бележи пад од 5.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август

2024 година, изнесува 451 884.3 милиони денари, што е за 0.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 132 406.8 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 70.7 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – август 2024 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 639 043 милиони САД долари што е за 7,7 % зголемена споредено со истиот период во 2023 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 112 597 милиони САД долари што претставува намален за 15.3 % во однос на ист период 2023 г. Увозот е зголемен за 14,3% и изнесува 526 446 милиони САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Кина, Србија, Бугарија и Турција.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – август 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина, Србија, Бугарија и Турција.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 5 625.3 милиони САД долари и бележи пад од 5.8 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 955.7 милиони САД долари, што е за 0.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 2 330.4 милиони САД долари.  (Државен завод за статистика на Р.С.М, 04.10.2024).

Share this post

Back to Blog