Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари 2024 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2024 година, изнесува 33 935.0 милиони денари и бележи пад од 11.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2024 година, изнесува 49 309.9 милиони денари, што е за 5.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2024 година, изнесува 15 374.9 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2024, изнесува 68.8 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари 2024 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 67 597 милиони САД долари што е за 10.1 % намален споредено со истиот период во 2023 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 14 665 милиони САД долари што претставува намален за 28.7 % во однос на ист период 2023 г. Увозот е намален за 4,4% и изнесува 52 932 милиони САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија, Србија и Турција.

(Државен завод за статистика на Р.С.М, 07.03.2024).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во јануари 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија, Србија и Турција.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2024 година, изнесува 600.5 милиони САД долари и бележи пад од 10.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 873.0 милиони САД долари, што е за 4.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2024 година, изнесува 272.5 милиони САД долари.

Share this post

Back to Blog