Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари-февруари 2023 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари − февруари 2023 година, изнесува   82 638 328 илјади денари и бележи пораст од 10.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари − февруари 2023 година, изнесува 108 765 948 илјади денари, што е за 1.6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари − февруари 2023 година, изнесува 26 127 621 илјада денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари − февруари 2023, изнесува 76.0 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари-февруари 2023 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 154 382 илјади САД долари што е за 8.0 % зголемен споредено со истиот период во 2022 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 44 061 илјади САД долари што претставува зголемен за 27.4 % во однос на ист период 2022 г. Увозот е зголемен за 1.7% и изнесува 110 322 илјади САД долари. Р. Турција шести трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија , Кина и Турција. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 07.04.2023).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари − февруари 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Бугарија, Кина и Турција.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари −  февруари 2023 година, изнесува 1 441 998 илјади САД долари и бележи пораст од 4.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 898 200 илјади САД долари, што е за 6.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари − февруари 2023 година, изнесува  456 203 илјади САД долари.

Share this post

Back to Blog