Вицепремиерот на Република Северна Македонија и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ ја пречека делегацијата на МАТТО.
Вицепремиерот Стоилковиќ: Турција е наш стратешки партнер
Се разговараше за проблемите со кои се соочуваат турските компании, обновувањето на договорот за слободна трговија и за чекорите што треба да се преземат за турските инвеститори повеќе да инвестираат во Македонија.
Делегацијата на МАТТО го посети вицепремиерот на Република Северна Македонија и министер за односи меѓу заедниците г-дин Иван Стоилковиќ.
На средбата присуствуваше делегација на МАТТО предводена од претседателот, г-дин Ајдован Адемоски, копретседавачот г-дин Билал Суџубаши, замениците г-дин Имер Селмани и г-дин Есер Џевахир и извршниот директор Шахбаз Молалиев.
На средбата се разговараше за прашања за развој на соработката меѓу Турција и Македонија, за проблемите со кои се соочуваат турските компании, обновувањето на договорот за слободна трговија и чекорите што треба да се преземат за турските инвеститори повеќе да инвестираат во Македонија.
На средбата беше разговарано и за позицијата на турската заедница во Македонија. Беше подвлечено дека заедниците ќе ја добијат поддршката што ја заслужуваат со буџетот планиран за следната година. Вицепремиерот Стоилковиќ истакна: „Успеавме да го постигнеме она што досега не беше направено и овојпат ќе обезбедиме помалите етнички заедници да ја гледаат државата како своја“.
Двете страни истакнаа дека Турција е стратешки партнер и затоа треба да се зголеми соработката, особено во трговијата.







