Платформа на деловни луѓе од Jугоисточна Европа
На 10 Април 2010 година, ден четврток, во Хотелот Стоун Бриџ, во организацијата на Стопанската комора на Македонија – Турција и присуство на шестте здруженија од петте земји е потпишан Меморандумот за разбирање и Протоколот за взаемно помагање.
Во рамките на организацијата, на 09 Април 2010 година, во Хотелот Стоун Бриџ во Скопје, деловните луѓе од овие здруженија имаа можност на билатерални средби во пријатна и пријателска атмосфера.
На Платформата присуствуваа членови основачи, Претседателот на Стопанската комора на Македонија – Турција Почитуван Туна Ејуп Кахвеџи, Претседателот на Стопанската комора на Косово – Турција Почитуван Огуз Али Туркели, Претседател на Асоцијацијата на Турските деловни луѓе од Романија Почитуван Омер Сусли, Претседател на Стопанската комора на Бугарија – Турција Почитуван Зеки Бајрам, Претседател на Асоцијацијата на Турските и Унгарските деловни луѓе Почитуван Осман Шахбаз, Претседател на Асоцијацијата на Турските деловни луѓе од Дебрецин Почитуван Хаџи Вурал, претставници од истите здруженија и комори, Министерот без ресор на Република Македонија Почитуван Хади Незир, Амбасадорот на Република Турција Почитуван Арслан Хакан Окчал и Аташето за трговија при амбасадата на Република Турција Почитуван Хакан Кизартиџи.
Во текот на програмата во Сабота, на 10 Април 2010 година, по презентација на земјата и поволностите за инвестирање, Претседателите на асоцијациите и коморите кои присуствуваа, во своите говори ги претсавуваа своите организации и ги истакнаа своите мислења во врска со Платформата која ќе биде формирана. Во продолжување по излагањата на Претседателите, земаа збор Аташето за трговија при Амбасадата на Република Турција Почитуван Хакан Кизартиџи, Амбсадорот на Република Турција Почитуван Арслан Хакан Окчал и Државниот министер Почитуван Хади Незир.
Претседател на Стопанската комора на Бугарија – Турција Почитуван Зеки Бајрам во својот говор ги истакна своите позитивни мислења во врска со платформата со зборовите; `Овој ден е ден на еден нов почеток и после ова ги започнуваме работите за иднината`.
Претседател на Асоцијацијата на Турските деловни луѓе од Дебрецин Почитуван Хаџи Вурал истакна дека Платформата која се формира е од важен карактер за деловните луѓе од Југоисточна Европа и дека само во Дебрецин во Романија се наоѓаат 50 илјади турски државјани.
Претседателот на Стопанската комора на Косово – Турција Почитуван Огуз Али Туркели во врска со Платформата кажа дека верува на тоа дека нема да претставува само локална, туку и регионална моќ за институциите од регионот.
Претседателот на Асоцијацијата на Турските и Унгарските деловни луѓе Почитуван Осман Шахбаз истакна; `Ако ги разликуваме луѓето кои се регистрирани во историјата од тие кои ја читаат, сигурно дека ние кои ја формираме оваа платформа спаѓаме во тие што ќе бидат регистрирани во историјата`, покажа големо задоволство од ваквата активност.
Претседателот на Асоцијацијата на Турските деловни луѓе од Романија Почитуван Омер Сусли, истакна дека асоцијацијата на која и е Претседател е формирана во 1993`та година. Турските фирми кои се формирани во Романија бројат над 10 илјади и дека оваа платформа ќе биде слична на меѓународните договори со иницијативи ориентирани кон иднината.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија – Турција Почитуван Туна Ејуп Кахвеџи, во почетокот на својот говор им се заблагодари на сите гости за своето присуство. Кахвеџи истакна дека платформата нема да ги соедини само турските деловни луѓе , туку сите бизнисмени од разни етнички групи. Денес се фрлени првите семки на оваа платформа. Покрај тоа му се заблагодари на Амбасадорот на Република Турција Почитуван Хакан Аслан Окчал и Аташето за трговија при Амбасадата на Република Турција Почитуван Хакан Кизартиџи.
Кизартиџи во својот говор истакна дека со формирањето на оваа платформа, на деловните луѓе од Југоистоќна Европа ќе им се овозможи меѓусебна соработка. Покрај тоа не извести дека за формирањето на платформата исто така информиран е и Министерот за надворешна трговија на Република Турција Почитуван Зафер Чаглајан и дека ја подржува оваа организација.
Амбасадорот на Република Турција Почитуван Хакан Аслан Окчал ги истакна своите позитивни мислења во врска со платформата и дека таа ќе опфати пазар од 650 милиони како резултат на трговијата и стопанските поволности кои се овозможени со склучените меѓународни договори.
Државниот министер Почитуван Хади Незир, говореше за важноста на земјите од Југоисточна на Европа и за Турција дека денешната најголема моќ претставува економската сила и освојувањата кои се вршат преку економијата. Покрај тоа геостратешката позиција на Македонија претставува центар на Југоисточна Европа и таа од важен карактер за родната Турција.
По одржаните говори претставниците на асоцијациите и коморите го потпишаа Меморандумот за разбирање на деловните луѓе од Југоисточна Европа и Протоколот за взаемно помагање.