Back to Blog

На 19-ти Март 2012 Асоцијацијата на индустријалци и биснисмени (TУМСИАД) од Измир ја посетија Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО

На 19-ти Март 2012 Асоцијацијата на индустријалци и биснисмени (TУМСИАД) од Измир на чело со потпретседателот одговорен за надворешни работи г-дин Ибрахим Аслантекин  заедно со 15 бизнисмени го посетија седиштето на МАТТО. Состанокот го водеше г-дин Ејуп Учак – Заменик претседател на МАТТО одговорен за односите со Владата на Република Македонија и бирократијата. Делегацијата (TУМСИАД) од Измир побара информации за можностите за инвестирање и за билатерални средби со фирмите од Македонија во седиштето на МАТТО. На свиканиот состанок присуствуваа фирми од прехранбениот сектор, царинскиот сектор, секторот за недвижнини, како и компании од други сектори. Заменик претседател одговорен за односите со Владата на Република Македонија и бирократијата г-динот Ејуп Учак зборуваше за разликата во оданочувањето помеѓу Р.Македонија и Р.Турција.
Делегацијата (TУМСИАД) од Измир беа заинтересирани за слободните  технолошко индустриските  развојни зони  во Македонија, и сакаа да добијат информации за истите, на тој начин ги искажаа своите сериозни намери за инвестиции во Македонија во блиска иднина.

t1.JPG

t2.JPG

t3.JPG

Share this post

Back to Blog