Back to Blog

На 3ти Јуни 2013 година се одржа деловен состанок помеѓу Заменик Генерален Директор на Турска Егзим банка, одговорен за кредитирањето во државите г-дин Алааттин Метин, Управниот Одбор и членките на МАТТО, и 200 Најуспешни компании во Р.Македонија.

На 3ти Јуни 2013 година во Хотелот СтонБриџ се одржа деловен состанок организиран од страна на МАТТО, на кој беа поканети Заменик Генерален Директор на Турска Егзим Банка, одговорен за кредитирањето во државите г-дин Алааттин Метин заедно со Раководителот на одделението за кредити во државите г-дин Корај Ердем, Претседателот на У.О на МАТТО г-динот Туна Ејуп Кахвеџи, Советникот за Трговија при Амбасадата на Република Турција во Скопје Шенол Туркјилмаз, Управниот Одбор и членките на МАТТО, како и 200 Најуспешни компании во Р.Македонија. На состанокот  г-динот Алааттин Метин и г-динот Корај Ердем дискутираа околу кредитот во износ од 400 милиони американски долари кој го има отворено Р.Турција за Македонија со цел да се искористи за финансирање на проектите на фирмите.

Тие во својата презентација на инвеститорите од Македонија им ја објаснија природата на условите на кредитите на Егзим Банка. На почетокот на програмата Претседателот на У.О на МАТТО г-динот Туна Ејуп Кахвеџи објасни дека целта на овој деловен состанок е можноста Турција да обезбеди Р.Македонија да се развива како силна и просперитетна држава. Од три држави Турскиот банкарски систем завзема прво место, во продолжение на својот говор г-дин Кахвеџи истакна дека иако земјите на Европската Унија имаат преживеано криза Турскиот Банкарски систем се зајакнува се повеќе и повеќе, со таа цел и делегацијата на Егзим Банка е дојдена  да објасни околу користа и условите на користење на кредитот во вредност од 400 милиони американски долари. 

Заменик Генерален Директор на Турска Егзим Банка г-динот Метин го истакна следново: 

Целта на нашата посета е да се  заврснат економските односи и да се процени потенцијалот помеѓу двете земји со обезбедување на ефикасно користење на кредитни и осигурителни програми од страна на Турската Егзим Банка. 

” По овој повод, исто така може да се придонесе за нова фаза во односите меѓу двете земји.

Турција е една од ретките земји која предизвика позитивен раст покрај глобалната криза која се случи во 2009 година.  Кога ќе погледнеме во билансот на трговската размена меѓу двете земји, извозот од Турција изнесува околу $ 300 милиони евра, но во потрага по билансот во корист на Македонија, можеме да забележиме дека има драстичен порат на увозот од Турција  во Македонија. На овој развој гледаме позитивно во однос на градење на стабилни деловни односи.  Во продолжение на својот говор г-динот Метин објасни за основањето и активностите на Турска Егзим Банка истакнувајќи го следново:  ’’Егзим Банка се основа во 1987 година и преставува едниствена извозна осигурителна организација на Турција, која е 100% во државна сопственост.

Во рамките на постоечките програми, се дава поддршка за краткорочни осигурувања, заеми и гаранции. Политички ризици кои произлегуваат од загуби под гаранција на трезорот. Имаме паралерен рејтин според рејтингот на оценување во Турција. Нашата цел е да се зголеми обемот на извозот на Турција. Во 2012 година дадовме поддршка со кредит од приближно 15 милијарди долари, за 7 милијарди осигурувања дадовме поддршка од  22 милијарди долари. За 2011 година стапката на извоз изнесуваше 9.2%, со оваа подршка во 2012 година стапката досегна до14.5 %. Нашата цел за 2013 година е да обезбедиме 30 милијарди кредити и осигурувања. Значи подршка од 19 милијарди долари кредит и 11 милијарди долари за осигурување. На ваков начин стапката за извоз на Егзим Банка ќе се зголеми до 19%. Егзим Банка започна со давање на кредити во државите од 1989 година. Имаме дадено поддршка на многу проекти на земјите од поранешниот  Советскиот сојуз, Источна Европа, Балканот, Северна Африка и на Блискиот Исток. Метин истакна дека сите кредити кои се користени досега се одобрени и се под државна гаранција.  Да се отвори и да се зголеми уделот на приватниот сектор решивме да го отвориме патот преку комерцијалните банки на тој начин што ќе се прошири и кредитирањето.  Егзим банка ги исполнува критериумите за евалуација на банките во приватниот и јавниот сектор преку границите кои ќе бидат отворени а со тоа ќе има и можност да обезбедат кредити за купувачи”.

Во продолжение на своето излагање на состанокот г-динот Алаадин Метин даде детални информации околу рокот на достасаност од заеми  и каматните стапки на кредитите. Тој објасни и за условите за добивање на кредит за локалните компании: Користа од кредитот може да имаат оние компании од Турција кои се во соработка со Македонски компании на тој начин што ја примаат стоката од Турција, или компанија од Турција која активно работи во Македонија. За да се започне со процесот на аплицирање за кредит прво треба да се престави проектот на локалните банки кои имаат потпишано договор со Егзим Банка. Мост за Македонските фирми и за Егзим Банка ќе преставува Македонската Банка.

Share this post

Back to Blog