Back to Blog

17-ти Јуни 2013 година нашата комора беше посетена од страна на Асоцијацијата на Индустијалци и Бизнисмени (ТУМСИАД)

На деловниот состанок кој го одржаа Заменик Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Учак, и Советникот за Трговија при Амбасадата на Република Турција во Скопје Шенол Туркјилмаз се презентираа можностите за инвестирање во Р.Македонија. На состанокот присуствуваа Заменик Генерален секретар на ТУМСИАД Мустафа Обен Озердемли заедно со група која ја сочинуваат 25 бизнисмени од градежниот, текстилниот и земјоделскиот сектор. Заменик Претседателот на МАТТО г-динот Ејуп Учак објасни дека целта на МАТТО е да се зголеми и да се развие трговската размена помеѓу Македонија и Турција. Од друга страна им објасни за можностите за инвестирање од овие сектори. Во овој контекст се заврши состанокот со надеж за понатамошен развој и чекор кон економските односи преку размена на информации помеѓу МАТТО и ТУМСИАД.

MT1.JPG

MT2.JPG

MT3.JPG

MT4.JPG

Share this post

Back to Blog