Стопанската комора на Македонија – Турција, МАТТО, стана членка на (НСПК) на Република Македонија
МАТТО со искуството на своето членство од матичната земја ќе пренесува најдобри практики како решениа за унапредување на претприемништво и конкурентност во Македонија
Собранието на Национален совет за претприемништво и конкурентност НСПК на денешната седница (02.09.2015.) ја потврди одлуката на Управниот Одбор на НСПК за прием на Стопанската комора на Македонија – Турција, МАТТО, во Советот. Со учленување во НСПК, членките на МАТТО имаат можност да преку активен однос во секторските комитети, како алатка за приватно јавен дијалог, Управниот Одбор и Собранието, непосредно влијаат на политиките, регулативата и развој на индустриите односно на унапредување на општа и секторска деловна клима во земјата а со цел зајакнување на претприемништво преку зголемување на конкурентност.
Г. Туна Ејуп Кахвеџи, во своето пристапно обраќање пред членовите на Управниот одбор на НСПК го претстави МАТТО и неговото членство и нагласи дека очекувањата на МАТТО и компаниите членки е големо во однос на можност и предизвик да влијаат директно на унапредување на деловен амбиент во Република Македонија но и да ја пренесат најдобрата практика на турската пазарна економија.

Во рамките на НСПК функционираат : Комитет за МСП и занаетчии, за домашни и странски инвестиции, за човечки ресурси, туризам, автомобилска индустрија, земјоделие и преработка на земјоделско производство, текстил, услуги на логистика, технолошки развој и за креативни индустрии- ИКТ. Во решавањето на проблемите во индустриите, покрај делегирани претставници на компаниите од тие индустрии, учествуваат и релевантни експерти било да се од администрацијата (царина, министерства, агенции.. ), науката или странски експерти во дадените области, за да се достави компеттентно решение до директно до Владата.