Back to Blog

На 18-ти септември 2015 год. членката на Управен Одбор Рамстор го отвори својот 19-ти маркет и Халкбанка ја отвори својата 33-та филијала во Кичево

Во петок во Кичево со голема радост се реализира отварањето на 19-тиот маркет на Рамстор и 33-та филијала на Халк Банка. На отварањето присуствуваа вториот секретар при Амбасадата на Р.Турција во Скопје г-дин Зија Кенар, Конзулите при Р.Турција во Битола и Охрид г-дин Ајдован Адемоски и Абдуррахман Бајрактар, Градоначаници на Кичево и Пласница Фатмир Дехари и Исмаил Јахоски, Одговорен Потпретседател  на Унијата на комори и стокови берзи на Турција г-дин Максут Карајалчин, Претседател на Сојузот на турски организации (МАТУСИТЕБ) Тахсин Ибрахим и Генерален секретар Кемал Назим,  Сопственик на весникот Јени Балкан г-дин Муртеза Сулооџа, членката на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) Проф.Др.Нуман Аруч, Директор на Педагошкиот институт при Министерство за образование и наука на Р.М г-дин Мухитин Кахвеџи, бизнисмени и голем број на поканети граѓани.

ramtore halkbank(1) (2).jpg

Голем аплауз доби Рамстор кој слави веќе 10-та година во Македонија и Халк Банка која надвор од Македонија купувајќи банка во Србија започна да станува влијателна и на тој регион, како и за идејата за заедничко отварање, користејќи заедничка зграда. Присутните на отварањето го поздравија ова прво појавување на таква иницијатива, а со тоа се докажа дека ова претставува важен пример и за заедничка акција на другите турски фирми.

ramtore halkbank (3).jpg

На отварањето генералниот директор на Рамстор Македонија Ајхан Узун му се заблагодари и ја отпоздрави идејата за заедничко отварање на г-дин Неџдет Палакчи Претседател на извршниот одбор на Халк Банка АД Скопје. Узун со гордост објаснуваше за Рамстор како и Палакчи за достигнатиот успех на Халк Банка

ramtore halkbank(1) (3).jpg

 

 

Share this post

Back to Blog