МАТТО организираше Ифтар во Скопје (8.05.2019)
Реафирмација на универзални вредности на соработка и сoживот
Македонско-турската стопанска комора (МАТТО) организираше Ифтар, во хотелот Hilton Duble Tree, на кој присуствуваа 250 претставници на државниот врв, како и бројни личности од јавниот живот и бизнисот.
На ифтар присуствуваше премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, претседателот на Собранието на Р.С. Македонија Талат Џафери, вицепремиерот во Владата задолжен за европски интеграции Бујар Османи, вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми, директорот на Царинската управа, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пратеници во Собранието на Р.С. Македонија, претседателот на МАТТО, Ајдован Адемовски со членките на МАТТО, како и претставници на турските организации и институции во земјава, стопанските комори, администрацијата, политичките партии и невладдини организации

Во своето обраќање за време на ифтарската програма премиерот Зоран Заев изјави дека му претставува особена чест што е поканет ифтар, и ги истакна должности кои повикуваат на молитва за меѓусебно почитување, за залагање за правда, за напредок, за толеранција и достоинство на сите луѓе, како универзални вредности. “Постот е одрекување од земните и сетилните задоволства што е заедничка вредност на многу вери – вклучувајќи ја и мојата христијанска вера”, рече Заев.

„Со секој ифтар за време на рамазанскиот пост се стекнуваме со можност да ја охрабруваме и негуваме нашата заедница, како една држава, едно семејство на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно “- истакна Заев.
„Ова е уште една прилика да ги потврдиме и да ги реафирмираме силните билатерални односни со Република Турција. Држава која е голем пријател на Република Северна Македонија и со која негуваме традиционално пријателство.

Ајдован Адемовски, претседателот на МАТТО ги поздрави сите присутни гости и го изрази своето задоволство поради нивното присуство.
Тој рече дека ги повикува сите бизнисмени во МАТТО да му помогнат на премиерот Заев и на Владата, со цел да направат држава во која сите ќе живеат подобро и посреќно.
