Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари 2026 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во јануари 2026 година изнесува 32.686,6 милиони денари, што претставува намалување од 8,27 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока во истиот период изнесува 48.954,0 милиони денари, што е намалување од 6,37 % во споредба со јануари 2025 година.

Надворешна трговија изразена во американски долари

Во периодот јануари 2026 година, вкупната трговска размена меѓу Република Северна Македонија и Република Турција изнесува 67,557 милиони американски долари, што претставува намалување од 0,5 % во споредба со истиот период во 2025 година.

Трговска размена со Турција:

  • Извоз во Република Турција:
    11,379 милиони американски долари (зголемување од 2,6 %)
  • Увоз од Република Турција:
    56,178 милиони американски долари (намалување од 1,2 %)

Република Турција е шест најголем трговски партнер на Република Северна Македонија.

Редоследот на водечките трговски партнери е:
Германија, Велика Британија, Кина, Грција, Србија и Турција.

Трговска размена по производи

Според Стандардната меѓународна трговска класификација, во извозот најголемо учество имаат:

  • катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија
  • сетови на проводници за палење и слично за возила, авиони или бродови
  • делови за седишта (подгрупа 821.1)
  • други катализатори на носачи

Во увозот најзастапени се:

  • платина и легури на платина, необработени или во прав
  • други метали од платинската група и нивни легури
  • нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови)
  • електрична енергија

Главни трговски партнери

Во јануари 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со: Германија, Велика Британија,Кина,Грција,Србија и Турција

Овие земји учествуваат со 52,0 % во вкупниот обем на надворешната трговија.

Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 57,1 % во вкупната надворешнотрговска размена на Република Северна Македонија.

Извоз и увоз (во американски долари)

Извоз – јануари 2026 година
622,1 милиони американски долари
(зголемување од 3,8 % во однос на јануари 2025 година)

Увоз – јануари 2026 година
931,1 милион американски долари
(зголемување од 5,9 % во однос на јануари 2025 година)

Share this post

Back to Blog