Back to Blog

Работна посета на Делегацијата на МАТТО кај Градоначалникот на Општина Кавадарци

Работна посета на Делегацијата на МАТТО кај Градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, согласно неговото насочување за унапредување на економската соработка.

Делегација на Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО) оствари протоколарна и честитачка посета кај Градоначалникот на Општина Кавадарци, г. Митко Јанчев. На средбата беа упатени честитки по повод новиот мандат, а воедно беа разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете институции.

Во рамки на разговорите, беше направена сеопфатна анализа на инвестиционите потенцијали на Општина Кавадарци, која по површина претставува втора најголема општина во Северна Македонија. Посебен интерес беше посветен на моделите за јавно-приватно партнерство, поддршката што финансискиот сектор може да ја обезбеди за развојните проекти, инвестициите во сончеви електрани како водечки сегмент во обновливите извори на енергија, како и приоритетните инфраструктурни потреби на општината.

Беше нагласено дека земјоделството и сточарството претставуваат значајна развојна можност за регионот. Дополнително, истакната беше важноста од осигурување на земјоделските, индустриските и јавните капацитети, што придонесува кон поголема економска сигурност, создавање предуслови за долгорочен раст на секторите и охрабрување на инвеститорите преку стабилно деловно опкружување.

Во однос на трговските односи, беше потенцирана потребата за обновување и унапредување на постојниот „Договор за слободна трговија“ меѓу Турција и Северна Македонија. Забрзувањето на активностите на владите со поддршка од бизнис-заедницата и локалните самоуправи се оценува како значаен чекор за натамошно јакнење на меѓусебната економска соработка.

Дополнително, беа разгледани и можностите за заеднички проекти во областа на спортот, со акцент на поттикнување на младите, развој на спортска инфраструктура и јакнење на спортските клубови преку модели на јавно-приватно партнерство.

Делегацијата на МАТТО беше предводена од Претседателот на Управниот одбор, г. Ајдoган Адемоски. Во составот на делегацијата учествуваа , Заменик Претседателот г. Имер Селмани, членот на Управниот одбор на МАТТО, Извршен директор на Халкбанкa AД Скопеј г. Мухаммед Хаџипази,  Генерален директор на Халк Осигурување г. Ило Ристески, Генерален директор на Görüş Holding г. Беркај Куру, Генерален директор на YEO Технологија г. Мухаммед Топал и Извршниот директор на МАТТО г. Шахпаз Молалиeв.

МАТТО продолжува активно да придонесува кон унапредување на економските и инвестициските односи меѓу Република Турција и Северна Македонија.

Share this post

Back to Blog