Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари-март 2025 година

Во првото тримесечје од 2025 година континуиран раст на вредноста на извозот во тековниот месец во однос на претходниот месец

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2025 година, изнесува 118 762.5 милиони денари и бележи пад од 0.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – март 2025 година, изнесува 170 724.8 милиони денари, што е за 1.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – март 2025 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 237 873 милиони САД долари што е за 3 % зголемена споредено со истиот период во 2024 г.  Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 35 918 милиони САД долари што претставува намален за 9 % во однос на ист период 2024 г. Увозот е зголемен за 5,5% и изнесува 201 955 милиони САД долари.

Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција,  Србија, Кина, Бугарија и Турција.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – март 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина, Бугарија и Турција. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.1 % во вкупната размена.

Главни поенти

Извоз јануари – март 2025 година во однос на јануари – март 2024 година 2 031.1 милион САД долари: -3.02 %

Увоз јануари – март 2025 година во однос на јануари – март 2024 година 2 916.9 милиони САД долари: -1.84 %

Share this post

Back to Blog