Back to Blog

Министерот за земјоделство Трипуновски, ја пречека делегацијата на МАТТО

На средбата се разговараше за можностите кои ги нуди бизнис климата во Македонија при што си подадоа рака за понатамошна соработка.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Цветан Трипуновски оствари средба со делегацијата на МАТТО.

На средбата министерот Трипуновски истакна: „Во пријатна атмосфера, разговаравме за можностите кои ги нуди бизнис климата во Македонија, си подадовме рака за понатамошна соработка.

Министерството останува партнер на сите инвеститори кои ја развиваат земјоделската бизнис политика во нашата земја.

На средбата присуствуваше делегација на МАТТО предводена од претседателот, г-дин Ајдован Адемоски, заменик претседателот, г-дин Имер Селмани, членовите на УО, г-дин Али Гулок, г-дин Михо Јаневски, г-дин Слободан Трајков, членката на МАТТО, г-дин Емир Кочан и извршниот директор, г-дин Шахпаз Молалиев.

Share this post

Back to Blog