Back to Blog

Министерот за економија и труд г-дин Бесар Дурмиши, ја пречека делегацијата на МАТТО

Во рамкитe на министерските посети од страна на МАТТО, членовите на МАТТО го посетија министерот за економија и труд, г-дин Бесар Дурмиши, со делегација предводена од претседателот на УО на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски. На средбата покрај министерот Дурмиши, кој ја пречека делегацијата на МАТТО, присуствуваше и заменик министерот г-дин Марјан Ристески.

Министерот за економија и труд г-дин Бесар Дурмиши; „Ги охрабрувам турските бизнисмени да инвестираат во Македонија”

На средбата покрај разговорите за економскиот развој, привлекување на странски инвестиции и отворање што повеќе нови работни места, беше разговарано и за ажурирањето на Договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Турција.

Министерот Дурмиши нагласи: „Ја истакнав важноста на одличната соработка што ја имаме со Република Туркије во областа на бизнисот, културата, економијата. Тој, исто така, го подржа нашиот интерес и намера да го зголемиме обемот на трговијата меѓу двете земји и да ги поттикнеме турските компании да инвестираат во Република Северна Македонија.

Од делегацијата на МАТТО присутни беа заменик претседателот, г-дин Имер Селмани, членовите на Управниот одбор г-дин Еркан Махмут, г-дин Асмир Јахоски, г-дин Мехмет Б. Евџилер и извршниот директор г-дин Шахпаз Молалиев.

Share this post

Back to Blog