Потпишан протокол за соработка помеѓу МАТТО и Вардарскиот плански регион
Стопанска комора на Македонија-Турција (МАТТО) потпиша протокол за соработка со Вардарскиот плански регион. Протоколот беше потпишан од страна на претседателот на УО на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски и претседателот на ЦРВПР и градоначалникот на Велес, г-дин Марко Колев.
На ноемвриската седница на Управниот одбор на МАТТО гостин беше претседателот на ЦРВПР и градоначалник на Општина Велес, г-дин Марко Колев.
На средбата, претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски истакна дека оваа средба е важна од аспект на утврдување какви точки за соработка може да се воспостават помеѓу двете организации и дека како МАТТО може да превземеме иницијатива за привлекување инвестиции во Вардарскиот плански регион.
„Наша цел е да ја зголемиме вредноста на турските инвестиции до 4 милијарди долари“
Осврнувајќи се на економските односи помеѓу Турција и Северна Македонија, претседателот Адемоски истакна: „Вредноста на турските инвестиции надмина 2 милијарди долари во последните 15 години. МАТТО е пионер во турските инвестиции. Турските инвестиции сочинуваат 35 % од вкупните странски инвестиции во нашата земја. Една од нашите цели е да ја зголемиме вредноста на турските инвестиции до 3 или 4 милијарди долари.
За договорот за слободна трговија меѓу двете земји,истакна: „Вложуваме големи напори за ажурирањето на договорот за слободна трговија меѓу двете земји. Денес тврдиме дека обемот на трговијата меѓу двете земји, кој е приближно 750 милиони долари, ќе надмине 1 милијарда со постигнувањето на договорот за слободна трговија. Во овој случај, македонските компании ќе можат полесно да извезуваат на пазар со 100 милиони жители.
„Нашиот регион нуди значителни можности за инвестирање“
Во својот говор г-динот Колев истакна: „Вардарскиот регион е регион сместен во центарот на државата со околу 150 илјади жители. Најголеми градови се Велес и Кавадарци, вкупното население на овие два града е над 50 илјади. На бизнисмените овде им препорачувам да посетат поважни делови во нашиот регион, за жал зборовите не се доволни за да се опишат некои работи. Овие места нудат многу важни можности за инвестирање“.
„Сакаме да видиме турски инвеститори во нашиот регион“
„За жал, имиграцијата беше фактор кој негативно се одрази на нашиот регион. Но, со зголемувањето на инвестициите во последните неколку години, нашиот регион почна да прима имиграција од други региони. Инвестициите се многу важни во овој поглед. Со голема радост дознавме дека Рамстор ќе инвестира во нашиот регион, а се надеваме дека ќе инвестираат и други турски компании.
Споделување на искуства и знаења од областа на социјалниот развој, инфраструктурата, културата, туризмот, животната средина, земјоделството и руралниот развој со потпишаниот протокол за соработка; Зголемување на трговските односи меѓу Вардарскиот регион и Република Турција; Соработка на членовите на МАТТО со компании од Вардарскиот регион; Планирани се заеднички активности како што е воспоставување на односи меѓу општините од Вардарскиот регион и општините во Турција.