Делегацијата на МАТТО во посета на кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски
Денеска, делегација на МАТТО составена од претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, заменик претседателот и генерален директор на Халкбанка АД Скопје, г-дин Билал Суџубаши, заменик претседателот г-дин Имер Селмани и членовите на Управен одбор: генералниот директор на ТАВ Македонија, г-дин Метин Батак, генералниот директор на Аџибадем Систина, г-дин Ѓун Гунсој, претставникот на Рамстор Македонија, г-дин Константин Батунков и извршниот директор на МАТТО, г-дин Шахпаз Молалиев остварија средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски во неговиот кабинет. На средбата премиерот Ковачевски ги истакна силните заложби на Владата на Република Северна Македонија за уште поголема економска соработка со Република Турција и истакна дека Стопанска комора Македонија-Турција, МАТТО и нејзините членки ги смета како силни и кредибилни партнери за остварување на оваа цел. На оваа средба особено беше ставен акцент на ажурирањето на договорот за слободна трговија и неговата фунција за целосна либерализација и доделување на слободната индустриска зона во Гевгелија на МАТТО. Покрај разговорите за искористување на кредитите од Турска Еxim Банка, исто така беше најавено дека наскоро ќе следува дополнување на Планот за економски раст со нови поволности за поддршка на инвестициите особено во делот на капацитети од обновливите извори во енергетиката за што веќе постои голем интерес од компаниите од оваа дејност во Турција. Меѓудругото, на состанокот беа оценети и можностите за инвестирање во секторите инфраструктура, транспорт, банкарство, здравство, образование и др. Од премиерот Ковачевски делегацијата на МАТТО побара поддршка и за зголемување на времетраењето на привремените дозволи за работа на странскиот персонал, од 45 на 90 дена. Исто така, на оваа средба беше разгледана и можноста за организирање посета на Република Турција од страна на премиерот Ковачевски.
