Back to Blog

Надворешна трговска размена јануари – август 2020

Вкупната надворешно трговска размена на Р.С.Македонија со светот, за осумте месеци во 2020 г. изнесува  9 115 735 илјади САД долари и споредбено со ист период во 2019 г. се бележи пад од 16.7%.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 3 890 018 илјади САД долари и бележи пад од 18.1% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 225 717 илјади САД долари, што е за 15.6% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 1 335 699 илјади САД долари. Покриеност на увозот со извозот изнесува 74,4%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари ‒ август 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Р. С. Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција, Кина, Бугарија и Турција

Вкупна трговска размена со Р. Турција јануари –август 2020 г. изнсува 323 508 илјади САД$ што е за 6.3 % помалку  споредено со истиот период во 2019 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнеува 57 500 илјади САД $ што претставува намалување за 4,3%  во однос на 2019 г. Увозот е намален за 6,8 % и изнесува 266 008 илјади САД $. Р. Турција е седми трговски партнер на Р.С.Македонијa. (Државен завод за статистика на РСМ , 6.10. 2020).

Share this post

Back to Blog