Објавени се протоколите за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана

Почитувани,

Ви ја препраќаме  Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 во рамки на која се наоѓаат Протоколот за отворање и работа на кафетерии и Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана. На 28 мај 2020 година може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси), со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на кафетерии и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана, утврдени од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана утврдува дека работното време е ограничено од 08:00 часот до 22:00 часот, и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат  хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се  послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Протоколот наведува дека е задолжително менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице.

На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.

Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метри.

Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна од страна на одговорно лице.

Се наложуваат засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Протоколот утврдува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства.

Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.)

27.05.2020

Почитувани ,

 Според анализите и препораките на Комисијата за заразни болести, можеме да констатираме врз основа на одредени исполнети услови и врз основа на анализите и препораките на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлуки со кои престанува важењето на повеќе рестриктивните мерки:

– Од 27 мај, целосно престанува важењето на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија;

– Од четврток, 28 мај отпочнуваат со работа угостителските објекти во Република Северна Македонија со прецизно утврден соодветен протокол за нивна работа во отворените делови, односно терасите на овие објекти, а работата во затворените делови и во објектите кои немаат тераси, ќе се регулира во наредната фаза;

– од 1 јуни 2020 година, ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон градот Скопје, организирање на работниот процес со ротации и другите слични мерки и препораки.

И оваа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа, дејствување и однесување на работно место кој се однесува на просторните услови, физичкото растојание во работните и другите простории, носењето лична заштитна опрема и така натаму;

Ова нема важи за хронично болните.

Отстапка од оваа одлука се и родителите кои имаат деца на возраст до 10 години или деца на претшколска возраст, за кои ќе се чека одлуката за отпочнување на работата на градинките.

22.04.2020 г.

Почитувани,

Во врска со Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба објавена во Службен весник на РСМ бр.68/2020 од 18.03.2020 година и Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на територијата на Република Северна Македонија од понеделник до петок во временски период од 19:00 часот до 5:00 наредниот ден во временски период од 15:00 часот во сабота, до 5:00 часот во понеделник, со цел  спречување на ширење на заразната болест COVID -19  и заштита на населението на Република Северна Македонија, заради потребата од одржување на континуитет на работниот процес и организацијата на работата на компанијата, и е пропишан иновиран образецот за издавање на Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа.

 Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена. За валидност на дозволата, производствените капацитети и другите компанииво времетраење на полицискиот час, потребно е образецот да го вчитаат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице. Дозволата за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа може да биде издадена за повеќе работни денови.

 Воедно, ги потсетуваме правните лица на законската обврска за пријава на сменска и ноќна работа  до Државен инспекторат за труд, односно должни се да ја известат инспекцијата на трудот (Државен инспекторат за труд).

– Hова форма на  Образец Дозвола (превземи)

07.04.2020 г.

Почитувани ,

ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ ВО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, МИНИСТЕРСТВАТА И ДРУГИТЕ ОРГАНИ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА

Член 1 Во Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија„ 160/2019), во член 1 ставот 1 се менува и гласи: „Распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа се утврдува со почеток на работното време во 08:00 часот и завршеток на истото во 14:00 часот.“ Член 2 Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 8 април 2020 година. Бр. 44-2877/1.

Претседател на Владата Оливер Спасовски, 6 април 2020 година, Република Северна Македонија, Скопје.

06.04.2020 г.

Од денеска во употреба е првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисите и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

Со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе се добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки.

Контакт центарот ќе работи од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот, каде ќе одговара стручен тим на македонски и албански јазик.

06.04.2020 г.

Почитувани членки,

Владата на Република Северна Македонија донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните на целата територија на државата. Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден. За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби

Дополнително,

За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

Одлуката започнува да важи од среда (08.04.2020) од 16 часот.

06.04.2020

Sayın üyemiz,

 En son düzenlemeleri devamda gönderiyoruz:

Henüz Resmi Gazete’de yayınlanmamış olan İkinci hükümet tedbirleri paketi.

 Yeni düzenlemelere, değişikliklere ve eklemelere Kuzey Makedonya Cumhuriyeti Resmi Gazetesi’nin web sitesinden ulaşılabilir.

http://www.slvesnik.com.mk/besplatni-izdanija.nspx

90/4.4.2020 sayılı KMC Resmi Gazetesi

Olağanüstü hâl durumunda Çalışma İlişkileri Kanununun uygulanmasına ilişkin KHK

Karayolu trafiğinde mobil çalışanların çalışma saatleri ve olağanüstü hallerde karayolu trafiğine kayıt cihazları ile ilgili Kanunun uygulanmasına ilişkin KHK

İnşaat Arazileri Kanununun uygulanması ilişkin KHK

89/3.4.2020 sayılı KMC Resmi Gazetesi

Olağanüstü hâl durumunda Mekânsal ve Kentsel Planlama Kanununun uygulanmasına ilişkin KHK

Olağanüstü hâl durumunda İnşaat Kanununun Uygulanmasına İlişkin KHK

Olağanüstü hâl durumunda İşsizlik Halinde İş ve Sigorta Kanununun uygulanmasına ilişkin KHK

Mecburi petrol ve petrol türevleri rezervlerinden Kriz Yönetim Merkezi’ne petrol türevlerinin tahsis edilmesi  kararı.

2020 Kırsal Kalkınma Mali Destek Programını değiştirme Programı

88/3.4.2020 sayılı KMC Resmi Gazetesi

Doğrudan ödemeler için daha yakın kriterler, fonların faydalanıcıları, maksimum tutarlar ve 2020 için doğrudan ödemelerin şekli hakkında Kararnameyi değiştiren KHK.

05.04.2020

Sayın üyemiz,

Geçici önlemlerin tamamlanmasına dek doğum izninin uzatılmasıyla ilgili Çalışma ve Sosyal Politikalar Bakanlığı’ndan duyuruyu tarafınıza gönderiyoruz.

Çalışma ve Sosyal Politikalar Bakanlığı: Doğum izni, COVID-19 salgınının önlemesi için alınan geçici önlemlerin sona ermesine kadar uzatılmaktadır.

Çalışma ve Sosyal Politikalar Bakanlığı, yeni doğmuş veya evlat edinilmiş bir çocuğun bakımı nedeniyle işten ücretli izin süresinin geçici tedbirlerin sona ermesine kadar uzatıldığını bildirmektedir. Hükümet tarafından kabul edilen Çalışma İlişkileri Kanunu’nun bir kararnamesi ile bir çalışanın hamilelik, doğum, ebeveynlik veya evlat edinme nedeniyle izni devam ettirilmektedir ve maaşı COVID-19 salgınına karşı alınan geçici koruma tedbirlerinin sona ermesine kadar ödenmeye devam edecektir.

Doğum izninin uzatılması, Kuzey Makedonya Cumhuriyeti Sağlık Sigortası Fonu aracılığıyla düzenlenecektir.

Çalışma ve Sosyal Politika Bakanlığı, anneliğin korunmasının birincil olduğunu ve annelerin ve çocukların sağlık ve güvenliğinin korunmasının alternatifi olmadığını belirtmektedir.

****************************************

Koronavirüs COVİD-19 salgını ile mücadele kapsamında Hükümetin almış olduğu tüm (sağlık ve ekonomik önlemlerin) aşağıdaki Web siteden görebilirsiniz.

06.04.2020 г.

Почитувани членки,

Ве информираме, дека во Сл.Весник бр.92 од 6.04.2020.  http://www.slvesnik.com.mk/Issues/7648c4c4c7f14c829d9ed7126203a391.pdfе  објавена  Уредба со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, формуларот и упатство за аплицирање.

На работодавач, за секој осигуреник, за месеците април, мај и јуни 2020 година, му се субвенционира износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување во висина од 50% од пресметаните придонеси од задолжително социјално осигурување од страна на обврзникот, но најмногу до 50% од придонесите од задолжително социјално осигурување пресметани на просечната бруто плата по работник во Р. С. М., според податоците на Државниот завод за статистика објавена за месец јануари 2020 година. Работодавачот кој го искористил правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, должен е примените финансиски средства да ги врати во Буџетот на Р. С. М., но најмногу до износот од 50% . Враќањето на износот од ставот, ќе се изврши на три месечни рати без камата во месец април, мај и јуни 2021 година.

06.04.2020 г.

Почитувани членки

Ви испраќаме преглед на најновите регулативи:

II пакет на владините мерки уште не е објавен во С. Весник.

Пристап до новата регулатива, измени и дополнувања е достапен на веб страна на С. Весник на Р.С.М http://www.slvesnik.com.mk/besplatni-izdanija.nspx

Сл.Весник на РСМ бр.90/4.4.2020

Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба..

Уредба со законска сила за примена на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај за време на вонредна состојба…

Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште

Сл.Весник на РСМ бр.89/3.4.2020

Уредба со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба

Уредба со законска сила за примена на Законот за градење за време на вонредна состојба

Уредба со законска сила за примена на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност за време на вонредна состојба…

Одлука за отстапување на нафтени деривати од задолжителните резерви на нафта и нафтени дривати на Центарот за управување со кризи.

Програма за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

Сл.Весник на РСМ бр.88/3.4.2020

Уредба за изменување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година.нки,

06.04.2020 г.

Почитувани членки,

Упатство за царински прашања поврзани со вонредната состојба COVID-19

Како резултат на кризата создадена од пандемијата COVID-19, се појавуваат прашања кои се однесуваат на примена на царинските прописи во постапката за донесување на одлуки, царинските постапки и царинските формалности, како и примена на постапките поврзани со акцизните добра, особено во делот на постапувањата со етил алкохолот наменет за здравствените установи и претпријатијата за произодство на средства за дезинфекција. За одредени случаи кои се наведени подолу, утврдени се постоечки одредби во царинските и акцизните прописи кои обезбедуваат соодветни решенија, во овие исклучителни околности.

Во прилог документ(превземи)

За сите останати прашања можете да не контактирате на телефонска линија 197, или на info@customs.gov.mk 

03.04.2020 г.

Почитувани членки,

Ви ги проследувам последните известувања од 1-3 април 2020 од Владата, кои беа проследени до стопанските комори, синдикатите и здруженија на работодавачи.

Известување за затворање на граници за физички лице од Република Албанија -товарниот сообраќај продолжува да се одвива

Амбасадата на Република Албанија во Скопје, извести дека албанската влада донесе одлука за затворање на сите гранични премини со соседите за физички лица. 

Во однос на товарниот сообраќај, забраната не важи и истиот може да се одвива преку граничен премин Ќафасан.

Во случај на потреба албански државјанин, во својство на физичко лице да ја помине македонско-албанската граница препорачуваме да се контактира амбасадата на Република Албанија, за да се информира за мерките и препораките за заштита и превенција од Covid 19 во Албанија. 

05.04.2020 г.

Почитувани,

На Ваше информирање, Ви проследуваме соопштение од Министерство за труд и социјална политика во врска со продолжување на породилното отсуство до истекот на времените мерки.

МТСП: Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19.

Министерството за труд и социјална политика информира дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки. Со уредба со законска сила на Законот за работни односи што ја донесе Владата, отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19.

Продолжувањето на породилното отсуство ќе се регулира преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека заштитата на мајчинството е примарно, а грижата за здравјето и безбедноста на мајките и децата нема алтернатива.

МТСП: Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19 

31.03.2020 г.

Владата на Република Северна Македонија, во  врска со вториот сет на мерки за поддршка на економијата од Covid-19 кризата (превземи)

30.03.2020 г.

Oслободувања за данок

ØУредба со законската сила за примена на Законот за данок на постапка во време на вонредна состојба (Сл.весник. бр.79/20)

ØИзмени на Законот за данок личен доход  (Сл.весник. бр.79/20)

ØИзмени на Законот за данок на добивка (Сл.весник. бр.79/20)

ØУредба со Законска сила за примена на Законот за данок на личен доход за време на вонредна состојба (Сл.В. на РСМ бр. 79/2020)

ØУредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба (Сл.весник. бр.79/20)

ØПродолжување на роковите во управната постапка за време на вонредна состојба (Сл.В. на РСМ бр. 76/2020)

ØУредба со законска сила за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба. (Сл.весник. бр.79/20)

ØОдлука за денот и моментот за воведување и завршување на летното сметање на време во 2020 год. (Сл.весник. бр.79/20)

27.03.2020 г.

Како да организирате вршење сменска и ноќна работа во услови на полициски час.

Компаниите кои имаат регистрирано работа во смени, ќе ги користат образците за дозволата за движење исклучиво за лицето на чие што име е издадена, од компанијата. Законската е обврската за пријава на ноќна работа – кај инспекцијата на трудот (Државен инспекторат за труд). Сите образци можат да се превземат и користат во административната комуникација.

Допис за дозвола работа во смени и Т1 дозвола (превземи)

Образец Дозвола (превземи)

Обрасци кои треба да се достават до Државен инспекторат за труд (лично или електронски на prijava@mtsp.gov.mk)

Известување за ноќна работа (превземи)

Известување за прекувремена работа (превземи)

 Заклучоци на Владата на РСМ, поврзани за состојбата предизвикана од COVID-19

10.3.2020, Заклучоци од 15 седница на Владата на РСМ

11.3.2020, Заклучоци од 16 седница на Владата на РСМ

13.3.2020, Заклучоци од 18 седница на Владата на РСМ

16.3.2020, Заклучоци од 20 седница на Владата на РСМ

18.3.2020, Заклучоци од 22 седница на Владата на РСМ

21.3.2020, Заклучоци од 25 седница на Владата на РСМ

23.3.2020, Заклучоци од 26 седница на Владата на РСМ

24.3.2020, Заклучоци од 27 седница на Владата на РСМ

25.3.2020, Заклучоци од 28 седница на Владата на РСМ

26.3.2020, Заклучоци од 29 седница на Владата на РСМ