Back to Blog

Заев – Адемоски: Имаме потенцијал за размена од една милијарда долари, новата влада да назначи министер за туризам

Да се рализира иницијативата за формирање слободна индустриска зона во гевгелиско-струмичкиот регион, да се имплементира во целост билатералниот Договор за слободна трговија од 2001 година и земјава да има посебно министерство – за туризам, бара Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО).
Овие предлози МАТТО денеска му ги соопшти на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој, како што изјави, ги продолжува работните состаноци со бизнис заедницата за креирање што поквалитетна партиска економска програма во која би биле вградени и сугестиите на стопанството.
МАТТО и Заев сметаат дека постои капацитет да се достигне размена од една милијарда евра што е заедничка цел на двете земји.
-Ако СДСМ дојде на власт, треба да размисли за поставување министер за туризам. Капиталот на членките на МАТТО е преку 30 милијарди долари, а инвестициите тука, во земјава, изнесуваат 1,8 милијарди со 10.000 вработувања или вкупниот број вработебни е преку 50.000, вклучувајќи ги и компаниите – мајки во Турција. Оттука, не само што треба да бидеме сослушани, туку и нашите идеи треба да бидат преточени во акција, напомена претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски.

Тој посебно го нагласи потенцијалот на македонските зимски центри Маврово и Попово Шапка каде, рече, може да се направат хотели со пет ѕвезди, а укажа и на потребата од заеднички настап на нашите и труските компании на трети пазари.
Според Заев, Турција е еден од најголемите работодавачи и еден од најголемите инвеститори во земјава во сите области.

-Индустриска зона во Гвегелија е новата иницијатива на МАТТО што би се реализирала по изборите. Вакви проекти веќе постојат во државата. Но, зборуваме и за отстранување на одредени бариери. Сакаме во полно светло да ги користиме бенефитите од Договорот за слободна трговија, без какви било царински давачки, истакна Заев.
МАТТО со денешниот работен состанок со економскиот тим на СДСМ почна нова пракса – средби со политичките партии. Комората испратила покани до сите сериозни политички партии, а Заев, како што рече Адемоски, прв се одзвал.

Share this post

Back to Blog