Здружението на извозници на источно Црно Море (DKİB) беа во посета на МАТТО
Во МАТТО вчера се одржа состанок под претседателство на г-дин Ахмет Хамди Ѓурдоган, заменик-претседател на УО на Здружението на извозници на источно Црното Море. Делегацијата беше пречекана од домаќинот, претседателот на УО на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, а се разговараше за можностите за соработка за зголемување на трговската размена меѓу двете земји.
Претседателот Адемоски информираше за можностите за инвестирање во Македонија и нагласи дека вратите на МАТТО секогаш ќе бидат отворени за турските инвеститори.
Г-дин Ѓурдоган истакна дека во Македонија се со цел да остварат билатерални средби и да го зголемат обемот на трговската размена меѓу двете земји. Во таа насока, тој истакна дека во наредниот период ќе бидат домаќини на купопродажна делегација во Турција, која сака да увезува од Македонија.
Г-дин Сири Фуркан Ерен, кој е и почесен конзул на Македонија во Трабзон, истакна дека меѓу двете земји постои долгогодишно културно-историско единство и добри политички односи а со тоа прават напори и за подобрување на економските односи.
Незаменливи производи во Трабзон: лешници и лосос
Г-дин Дурсун Али Сакарија, претседател на Управниот одбор на Организираната индустрија Трабзон-Арсин, истакна дека не само лешниците, туку и лососот од Црното Море се брендирани и дека се извезуваат по светски стандарди.
На состанокот на МАТТО, присуствуваа заменик претседателот г-дин Имер Селмани, членовите на Управниот одбор г-дин Муртеза Сулооца и г-дин Самир Дрпљанин и трговскиот советник при Амбасада на Р.Туркије во Скопје, г-дин Синан Танриоген.
Во Скопје ќе се одржат билатерални средби со цел да се создадат нови деловни можности, трговски односи и заеднички вложувања меѓу производителите на секторот за градежништво и градежни материјали-членови на Здружението на извозници од Источно Црното Море (DKİB) и локални компании во Македонија.



