Фирмата Ливатајм, членка на нашиот Управен Одбор доби награда од Клубот Глобал Трејд кој се наоѓа во Шпанија-Мадрид
Клубот Глобал Трејд кој се наоѓа во Шпанија-Мадрид спроведе студија во 95 земји и додели награда за Меѓународен квалитет на храна и пијалоци во вкупно 35 земји меѓу кои беше наградена и фирмата Ливатајм, членка на нашиот Управен Одбор.
Максут Карајалчин: Најпрво би сакал да дадам информации околу клубот на лидери на светската трговија кој ни ја додели наградата. Кога ја добивме наградата дознавме за постоењето на овој клуб. Ова преставува еден клуб на лидери на светска трговија кој е стациониран во центарот на Шпанија, Мадрид, со 7500 членки во 95 различни држави без никаква цел за некоја добивка. Секоја година без да ги известат , посетуваат разни бизниси во многу земји, и земаат примероци од прозиводи кои ги продаваат, и прават истражувања врз основа на вкусот на производите, квалитет и суровина за квалитет. Земените примероци ги испраќаат во лабораториите за светската организација за храна, таму прават анализи на внатрешната содржина, ги испитуваат адитивите. Бидејќи во секторот за храна во светот конзервансите и адитивите не можат да се отстранат со стапката на пораст и една од најважните мисии е поради заштита од болести да се издвојат успешните компании без употреба на конзерванси и адитиви и индустриски материјали. Оваа година се доделија награди на 35 разни фирми, од кои едната припадна во Македонија на нашата фирма Ливатајм.
2. Нашата фирма започна со работа како мала пекара во 1991 година во Турција во шарматниот туристички град Фетије, подоцна во склоп на меѓународниот синџир на супермаркети продолживме да пружаме услуги како пекара. Нашата фирма (Истанбул Кебап) од 2005 година па наваму во улога на фурна-пекара-ресторант нуди услуги во трговскиот центар Рамстор во Скопје/Македонија.