Back to Blog

Match4Industry B2B Event,бизнис средби 7-8 декември 2023 година во Коџаели,Р.Турција

Почитувани,

Стопанска комора Македонија Турција, МАТТО, како Национален партнер на Match4Industry, бизнис средби, во организација на ABİGEM East Marmara, EEN, партнери од европска претприемачкa мрежа и Индустриската комора на Коџаели, Турција, Ве поканува да учествувате на настанот кој ќе се одржи на 7-8 декември 2023 година.

Настанот ќе се одржи во Конгресниот центар Коџаели во Измит, Коџаели/Туркије.

Ве замолуваме да не известите за регистрацијата за да можеме да се координираме, да ви обезбедиме поддршка и да се формираме како национална делегација.

Со задоволство ве покануваме вас и вашите компании на нашиот претстоен настан за деловно вмрежување Match4Industry, кој ќе се оддржи на 7 и 8 декември 2023.

Сектори:

  • Автомобилско снабдување
  • Метали и машини
  • Пластика и гума
  • Гуми
  • хемикалии (автомобилски бои и премази, производи за нега на автомобили)
  • Енергија
  • Животна средина
  • Електрика-Електроника
  • Информатички и комуникациски технологии

Вклучени услуги:

  • Локални трансфери до точките за состаноци
  • Превод од англиски на турски и турски на англиски јазик
  • Ручеци, освежување и вечера за „добредојде“.
  • Трошоците за сместување за еден претставник од секоја компанија учесничка ќе бидат покриени од турското Министерство за трговија врз основа на тоа што компаниите ги поднесуваат своите апликации преку турското трговско аташе во нивните матични земји. Сместувањето се состои од 3 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди. Крајниот рок за бесплатно сместување ќе биде објавен преку веб-страницата на настанот и партнерските организации кога турското Министерство за трговија ќе го одобри настанот.

Учеството е бесплатно, а регистрацијата е достапна преку линкот: https://match4industry2023.b2match.io/  * Предноста од рано регистрирање преку линкот ќе ви овозможи да остварите со повеќе компании билатерални средби.

*Забелешка: Ве замолуваме да го пополните формуларoт за учество во прилог, и да ни го испратите најдоцна до датумите на пријавување за саемот на кој сакате да учествувате

наведени во списокот.

*Во прилог брошурата за настанот

Share this post

Back to Blog