Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари – април 2022 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 161 718 572 илјади денари и бележи пораст од 15.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 241 937 565 илјади денари, што е за 27.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 80 218 993 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – април 2022, изнесува 66.8 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – април 2022, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 343 351 илјади САД долари што е за 53.3% зголемен споредено со истиот период во 2021 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 75 866 илјади САД долари што претставува зголемен за 58,1% во однос на ист период 2021 г. Увозот е зголемен за 51,9% и изнесува 267 485 илјади САД долари. Р. Турција шести трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија, Србија, Турција, Кина и Италија. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 07.06.2022).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – април 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија, Србија и Турција.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 2 914 835 илјади САД долари и бележи пораст од 6.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 360 394 илјади САД долари, што е за 17.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 1 445 559 илјади САД долари.

Share this post

Back to Blog