Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари-јуни 2022 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 252 736 573 илјади денари и бележи пораст од 20.3% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 368 519 565 илјади денари што е за 28.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 115 782 992 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари-јуни 2022, изнесува 68.6%.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – јуни 2022, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 529 070 илјади САД долари што е за 52.3% зголемен споредено со истиот период во 2021 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 110 895 илјади САД долари што претставува зголемен за 58,8% во однос на ист период 2021 г. Увозот е зголемен за 50,7% и изнесува 418 175 илјади САД долари. Р. Турција шести трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Бугарија, Турција, Кина и Италија. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 05.08.2022).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари-јуни 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Бугарија и Турција.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари-јуни 2022 година, изнесува 4 476 298 илјади САД долари и бележи пораст од 9.0% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 529 750 илјади САД долари што е за 16.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари-јуни 2022 година, изнесува 2 053 452 илјади САД долари.

Share this post

Back to Blog