Back to Blog

Надворешнa трговија јануари – август 2021.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 281 080 557 илјади денари и бележи пораст од 31.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 385 119 088 илјади денари, што е за 33.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 73.0 %.

.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – август, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 472 610 илјади САД долари што е за 46.1% зголемен споредено со истиот период во 2020 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 90 525 илјади САД долари што претставува зголемен за 57,4% во однос на ист период 2020 г. Увозот е зголемен за 43,6% и изнесува 382 085  илјади САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина, Бугарија, Турција и Италија. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 7.10.2021).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари – август 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари –август 2021 година,

изнесува 5 467 938 илјади САД долари и бележи пораст од 40.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 490 189 илјади САД долари, што е за 43.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 2 022 251 илјада САД долари.

Share this post

Back to Blog