Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари – мај 2022 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 207 003 332 илјади денари и бележи пораст од 18.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 306 731 666 илјади денари, што е за 29.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 99 728 335 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 67.5 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануаримај 2022, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 420 739 илјади САД долари што е за 50.0% зголемен споредено со истиот период во 2021 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 92 897 илјади САД долари што претставува зголемен за 56,0% во однос на ист период 2021 г. Увозот е зголемен за 48,4% и изнесува 327 842 илјади САД долари. Р. Турција шести трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија, Србија, Турција, Кина и Италија. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 06.07.2022).

благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – мај 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Бугарија иТурција.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 3 690 755 илјади САД долари и бележи пораст од 8.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 470 165 илјади САД долари, што е за 18.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 1 779 410 илјади САД долари.

Share this post

Back to Blog