Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари – декември 2021 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 426 637 967 илјади денари и бележи пораст од 19.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 594 023 223 илјади денари, што е за 26.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 167 385 256 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 71.8 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – декември , Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 776 432 илјади САД долари што е за 41.3% зголемен споредено со истиот период во 2020 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 151 241 илјади САД долари што претставува зголемен за 54,9% во однос на ист период 2020 г. Увозот е зголемен за 40,5% и изнесува 625 191  илјади САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина, Бугарија, Турција и Италија. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 08.02.2022).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – декември 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 8 188 221 илјада САД долари и бележи пораст од 23.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 11 389 548 илјади САД долари, што е за 30.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 3 201 327 илјади САД долари.

Share this post

Back to Blog