Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари 2022 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2022 година, изнесува 33 687 553 илјади денари и бележи пораст од 3.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2022 година, изнесува 49 762 020 илјади денари, што е за 29.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2022 година, изнесува 16 074 468 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2022, изнесува 67.7 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 64 998 илјади САД долари што е за 57.1% зголемен споредено со истиот период во 2021 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 16 807 илјади САД долари што претставува зголемен за 56,1% во однос на ист период 2021 г. Увозот е зголемен за 57,5% и изнесува 51 191  илјади САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија, Србија,  Кина,  Турција и Италија. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 08.03.2022).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени електричната енергија, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во јануари 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2022 година, изнесува 618 118 илјади САД долари и бележи пад од 3.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 913 303 илјади САД долари, што е за 20.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2022 година, изнесува 295 185 илјади САД долари.

Share this post

Back to Blog