• Денес е: вторник, септември 28, 2021

Бизнис средби помеѓу македонските компании и компании од Делегацијата на трговско индустриска комора Бандирма, Република Турција, во посета на МАТТО

Matto
април24/ 2019

Коморската дваесетчлена деловна делегација од Бандирма, југоисточниот крај на Мраморното море, престојува во земјата со цел запознавање со деловната и инвестициона клима. Во МАТТО беа организирани билатералните средби со македонските компании во областа на текстил, млекарство, прехранбени производи, добиточна храна, нафтени производи, садници, транспорт, амбалажа, хартиена индустрија и печатење, автомобилски делови, градежништво, трговија на мало и големо.

Потпретседателите на МАТТО, г. Алпер Тунга Ерсој, генерален менџер на ТАВ Македонија, г-ѓа Букет Герекчи, извршен директор на Халк Банк, г-дин Буњамин Кутлу, трговски советник и г-дин Ѓуркан Гезер, економски советник  во Амбасадата на Република Турција во Скопје, ги запознаа гостите  со економијата на земјата, евроатлантските перспективи, регионални можности за безцаринската трговија  и услови за работа и инвестирање, како и со искуствата на турските инвеститори, членки на МАТТО.

Г. Мехмет Килкишли, претседателот на Трговско индустриска комора на Бандирма, основана во 1926 година и која денес брои 2400 членки, од името на делегацијата изрази интерес за соработка во Македонија, бидејќи земјата со својата геостратешка положба, отвореност на пазарот и еуроинтеграции е ветувачка трговска и инвестициона дестинација. 

Двете комори потпишаа Договор за соработка.

Share